Отиди на
Форум "Наука"

стојчев

Потребител
  • Брой отговори

    4
  • Регистрация

  • Последен вход

Всичко за стојчев

Последни посетители

The recent visitors block is disabled and is not being shown to other users.

стојчев's Achievements

Newbie

Newbie (1/14)

0

Репутация

  1. 3. Св Климент Белички(Велички) епископ на Бела(Велеград) За седиштето на епископијата на свети Климент, науката расправа повеќе од 150 години. Според историските извори до кои можеме да дојдеме, епископските титули на св. Климент биле епископ Τιμεριουπόλεως ἤτοι Βελίκας, односно епископ на Струмица и Бела(Белица) или Велeград и како епископ на Δρεμβίτζας ἤτοι Βελίτζας, односно епископ на Дремвица или древеница и Бела(Белица) или Велград. Изнесени се повеќе претпоствки за нејзината локација, почнувајки од Родопите, па по течението на реката Вардар, во Брегалничкиот крај па се до Берат(Белград) во Албанија. Најбројни се претпоставките дека неговата епископија се наога во северна Македонија поточно во брегалничко-овчеполскиот крај. За археологот Блага Алексова, неспорно е дека Брегалничката епископија е прв словенски црковен и културно просветен центар на чело со св. Климент како епископ на цел Илирик и на земјите со словенски јазик. Називот Велик или Велика од каде произлегува и титулирањето на св. Климент како епископ Велички, како прво може да биде плод на погрешна транскрипција од старогрчки(коине)на црковнословенски јазик на името Белица (Βελίτζας), како и се нарекувала Бела. Но поверојатно е дека ова име се однесува на нејзината големина и значење како политички центар. Тоа може да се види од хрисавулата[1] на Василиј Македонецот, каде во епископијата Велеграда (Βελεγράδων) или на Великиот град, најпорвин спаѓа истиот град на Белаграда (Βελάγραδα) или Бела( Καὶ τὸν ἐπίσκοπον Βελεγράδων εἰς αὐτὰ τὰ Βελάγραδα). Рускиот историчар Голубинский[2], е дециден дека св. Климент е епископ Белички а не Велички, а седиштето е во градот Белград. Но истиот автор епископијата која во списокот на епископиите на импраторот Лав Мудриот(886-912) е именувана како βελικιας и βελικειας, ја поврзува со епископијата на св. Климент. Познатиот словачки лингвист Шаферик и српскиот историчар од 19 век Евстатије Михаловиђ велат дека словенската варијанта на името Била е Бела, додека чехот Vilém Tomášek, име Била Зора го поврзува со градот Велика. Од овие наводи може да се види дека називите Била Зора, Бела Зора и Велика се однесуваат на истит град. Бидејки во тоа време тој не знаеше за таков град во северна Македонија, како таков го лоцира градот Берат(Белград) ви Албанија. Но ова негово тврдење е малку веројатно затоа што според рускиот историчар Туницкий, Н.Л,[3] со голема веројатност може да се претпостави дека во тоа време градот Берат не ни постојал. Многу значајно е тврдењето на бугарскиот историчар Трендафил Крстанов кој вели:„Издигнат околу 893 г. за епископ в Струмица, според ватиканския грчки кодекс 2492, от 906 до 916 г. тој е изпратен за епископ в град Белград или Велица, сега Берат в Албанја. И сега во папски годишник е означена епископијата Бела (Велица)кој се наоѓа во провинцијата западна Бугарија.[4]“ Иако и тој типува на Берат, изнесува еден важен податок, а тоа дека во папски годишник во Ватикан, името на епархијата е Бела. Токму Била Зора[5] или Бела(Зора) која археолозите ја пронајдоа пред 8 години, а која се наога во самото средиште на Овче Поле, древната македонска престолнина, е најверојатно престолниот град на епископијата на св. Климент. Во истиот град, Велеград, Велик град или Бела, пред св. Климент свое седиште имал и св. Методиј, најправо како световен управител(кнез) а потоа и како епископ. Треба да се знае дека Црквата своето дејствување го концентрирала на најважните центри, како од практична, така и од традиционалистичка гледна точка. Бела, како македонска кралска престолнина, во времето на својот најголем подем била град со големина и значење на ниво на Рим, Вавилон, Персеполис. Тоа значење не го губи ниту во средновековието, туку продолжува да биде, столб на важен црковен и културен центар. Токму затоа св. Климент, човек кој добил голема привилегија и одговорност од цар Борис, а тоа е црковно да управува со целиот Илирик, своето епископско седиште го има во градот Бела. [1] Καὶ τὸν ἐπίσκοπον Βελεγράδων εἰς αὐτὰ τὰ Βελάγραδα καὶ τὸν (sic) Γραδέτζην καὶ τὸν Ὀμτζὸν καὶ τὸν Γλαβεντῖνον καὶτὴν Ἄσπρην ἐκκλησίαν κληρικοὺς 40 καὶ παροίκους 40. Καὶ τὸν ἐπίσκοπον τῆς (sic) Θράμουκελεύομεν ἔχειν εἰς πάσαν τὴν ἐνορίαν αὐτοῦ κληρικοὺς 15 καὶ παροίκους [2]Краткий очерк истории православных церквей болгарской,сербской и румынской или молдо-валашской / Голубинский Е [3] Туницкий, Св. климент, епископ словенский. его жизнь и просветительная деятельность. [4] Трендафил Кръстанов, Църковен вестник, брой 22 за 2002 година [5] Во понатамошниот текст ќе го употребуваме само според мое мислење точното име на градот, т.е. Бела.
  2. Мој ФБ стату за Главиница: СРЕДНОВЕКОВНИОТ ГРАД ГЛАВИНИЦА (локација меѓу денешните села Немањици и Орел) Како еден од главните аргументи кои одат во прилог на претпоставката дека свети Климент е епископ на Бела е постоњето на средновековниот град Главиница. Овој град се поврзува со свети Климент како место во кое тој често престојувал и се одмарал. Рускиот историчар Голубински овој град го дава во два контекста: како град кој е седиште на епархија и како град кој спага во епархијата на Белаграда. Тој ги наведува и двете хрисавули (повелби) на императорот Василиј Македонецот, од која првата се однесува на Главиница како седиште на епархија и во оригинал гласи: εἰ τάχα καὶ περισσότερον εἴχε πρώην, ἀλλ’ οὖνοὐ βουλόμεθα ὑπερβαίνειν τὸν ἀριθμὸν τῶν κληρικῶν καὶ παροίκων τοῦ ἀρχιεπισκόπου. Τὸν δὲἐπίσκοπον Γλαβανίτζης (sic) εἰς ἀυτὴν τὴν Γλαβίνιτζαν (sic) καὶ εἰς τὰ Κάνινα καὶ Νεανίσκαν, κελεύομεν ἔχειν κληρικοὺς 40 καὶ παροίκους Втората се однесува на Главиница како град во склоп на епархијата на Белаграда и гласи: Καὶ τὸν ἐπίσκοπονΒελεγράδων εἰς αὐτὰ τὰ Βελάγραδα καὶ τὸν (sic) Γραδέτζην καὶ τὸν Ὀμτζὸν καὶ τὸν Γλαβεντῖνον καὶτὴν Ἄσπρην ἐκκλησίαν κληρικοὺς 40 καὶ παροίκους 40. Καὶ τὸν ἐπίσκοπον τῆς (sic) Θράμουκελεύομεν ἔχειν εἰς πάσαν τὴν ἐνορίαν αὐτοῦ κληρικοὺς 15 καὶ παροίκους Во топографската карта на Македонија, меѓу светиниколските селата Немањици и Орел, јасно е обележан истоимениот топоним Главиница. Веројатно оваа локација веке е регистриран како археолошки локалитет бидејки, по сведочењето на мештаните орајки ги нивите секојдневно вадат стари камења а имаат и идентификуваат стар ѕид широк 3 метра. Во Народниот музеј на Свети Николе од овој локалитет е донесен артефакт-камена плоча. За тоа дека станува збор за многу важен регион сведочи и српскиот историчар Милош Милојевиќ, кој во својата книга „ Наши манастири и калуџерство“ издадена во 1881 год. вели дека српската династија Немањичи токму по селото Немањици, а тогаш град, го носи своето презиме, и дека брегалничко-овчеполскиот крај е „првата и најстара српска Света Гора од 1 век по Христа“ Растојанието од Главиница до Бела е оклу 7-8 километри, па сосема е во согласност со наводот на Голубински дека Главиница некое време била дел од епархијата на Бела.
  3. Проф. Трендафил Кръстанов во една своја статие вели: „ И досега в папския годишник е отбелязана епископията Бела (Велица) в провинция Западна България.“ http://synpress-classic.dveri.bg/22-2002/SvKliment.htm Рускиат истори Голубинский вели: „Свети Климен епископ Белицки(не Велицки)“ . .
  4. Да претпоставиме: Свети Климент не е епископ Велички но Белички Градот не е Велика но Бела Постои антички град Бела(Зора) во непосредна близина на Свети Николе (Никопол), Република Македонија http://www.topix.com/forum/world/macedonia/TB4RMEG9TV8LOKINT Свети Николе е в самиот центар на Овче Поле (Проватон) каде според блгарски летопис Цар Борис примил христијанството на река Брегалница, и примил круна. Непосредно до Бела(Зора) се наога една тумба на која има геоглиф , кој спред мегународен тим на истражувачи е можно да е гробница на некој од македонските антички кралеви, а Бела е древната македонска престолнина. Значи не е Пела но Бела. http://www.ancient-origins.net/news-history-archaeology/astronomical-alignment-geoglyph-republic-macedonia-020170 И можеби Петар Делјан на Скопје тргнал не од Белград(Србија) но од Бела која е на некои 50 км од Скопје.

За нас

"Форум Наука" е онлайн и поддържа научни, исторически и любопитни дискусии с учени, експерти, любители, учители и ученици.

За своята близо двайсет годишна история "Форум Наука" се утвърди като мост между тези, които знаят и тези, които искат да знаят. Всеки ден тук влизат хиляди, които търсят своя отговор.  Форумът е богат да информация и безкрайни дискусии по различни въпроси.

Подкрепи съществуването на форумa - направи дарение:

Дари

 

 

За контакти:

×
×
  • Create New...